Судија на претходна постапка му одреди 30 дневен притвор на С.Ф. (42) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело убиство во обид.
-Пред три дена пред ноќен клуб на ул. „Димитрие Чуповски“ пријавениот по претходна расправија со неговиот шура Е.М. (39), со огнено оружје се обидел да го лиши од живот, при што му нанел тешки телесни повреди, информираа од МВР.