Премрзнати и под психолошки притисок се притворените од 27 април меѓу кои и оперскиот пејач Игор Дурловски, актерот Владо Јовановски, режисерот Борис Дамовски, архитектот Богдан Илиевски, поранешниот прв човек на МВР Митко Чавков, пратениците Сашо Василевски, Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов и десетици други кои ќе ја докажуваат својата невиност.
Покрај тоа што добиваат крајно нечовечки услови, ниту ќелиите во кои се притворените не исполнуваат основни услови за сместување, полни се со мувла, прозорците се расипани и не функционираат.
Информациите до кои дојде Курир се дека притворените од 27 април, како и сите други притворени во истражниот имаат греење само два часа дневно, додека директорот на затворот таа што за обвинетите е привилегија само краток период од денот, го има во целиот ден.Покрај тоа што немаат греење на обвинетите за настаните од 27 април не им се дозволува ниту внесување на волнени капи и ракавици.
Дел од роднините на притворените веќе се обиделе да им однесат на своите најблиски топла облека, но тоа од управата на затворот не било дозволено. Во самите простории има и појава на мраз на ниските температури, а присутни се и чести болести и вируси.Одредени коментари се дека условите во истражниот затвор во Шуто Оризари се како во нацистички логор, а не притвор во 21 век.
Народниот правобранител молчи, исто како и Хелсиншкиот комитет до кого пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пред една недела испратија барање за проверка на условите во кои опстојуваат притворените за 27-ми април.
Kurir.mk