Жан Митрев“ преку соопштение за медиуми, информира дека за тестирање од коронавирусот граѓаните мора претходно да закажат термин и препорачува да се пријавуваат само оние кои имаат симптоми или се вратиле од ризичните земји.
„Брисоловките се доставуваат само на потврден термин преку телефон или мејл бидејќи постои посебен протокол за спроведување. Сите пациенти кои не се најавени, нема да бидат примени за тестирање. Дневно во нашата клиника се прават стотина вакви тестови. Се препорачува ваков тест да направат само оние коишто имаат симптоми и доаѓаат од земјите со висок и среден ризик“, информираат од болницата.
Од таму потенцираат дека во клиниката засега нема пациенти и вработени позитивни на коронавирусот и дека потврдените позитивни случаи кои беа дијагностицирани таму биле тестирани со примероци донесени од трети лица на специјалниот пункт, кој како што велат, е одделен од останиот дел од болницата и е соодветно заштитен, се вели во соопштението кое го објавија неколку скопски интернет медиуми.