Приватните аптеки апелираат граѓаните да се заштитат и да се овозможи набавка на средства за заштита


Здружението на приватни аптеки на (ЗПАРМ) континуирано ги следи активностите и во целост ги поддржува несебичните и навремените заложби и мерки на министерот Венко Филипче и Комисијата за заразни болести за справување со епидемијата со коронавирус.

Ја поздравуваме и мерката за затворање на сите јавни објекти, освен аптеки и маркети. Ние аптеките, како дел од примарното јавно здравство со јавно-приватно партнерство и фармацевтите и фармацевтските техничари како здравствени работници, сме дирекно вклучени во системот на справување и спречување на ширењето на епидемијата.

За да бидеме заштитени ние, а во исто време и пациентите, од Вас бараме соопштение до јавноста со насоки за однесување на граѓаните при посета на аптеките. Соопштението да биде јавно објавено, за граѓаните да знаат како да се однесуваат при одење во аптека и што да очекуваат. Ова го бараме како резултат на досегашниот нивен несериозен пристап.

Загриженоста е оправдана и произлегува од момементалниот недостиг на заштитни маски, заштини одела и средства за дезинфекција на раце и работни површини. Недостигот е во толкава мера што не се однесува само на широката потрошувачка туку и за нашата лична заштита.

Ако ние, здравствените работници во аптеките не сме соодветно заштитени и ако само еден вработен во аптека се зарази, имајќи го во предвид и моменталниот недостиг на кадар, аптеките нема да може да функционираат.

Како здравствени работници во директен контакт со пациентите, од Вас бараме:

-насоки за однесување на граѓаните при посета во аптека

-можност за континуирани набавки на заштитни маски, заштитни одела, средства за дезинфекција на раце и работни површини. (барем за наша лична заштита при извршувањето на нашите професионални обврски)

Со оглед на сериозноста на ситуацијата, бараме Ваша брза реакција, соопштија од ЗПАРМ

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1