Медиумите во САД тврдат дека едно лице поврзано со бомбашкиот напад во Бостон е уапсено од страна на полицијата .
Тимот на истражители верува дека го идентификувале лицето кое ја поставило експлозивната направа во Босон за време на традиционалниот маратон. За идентификување на можниот бомбаш многу помогнале сигурносните камери поставени на една продавница во близина на експлозијата.
Странските медиуми веќе известуваат дека е направен голем напредок во истрагата, но дека и понатаму ги истражуваат сите фотографии и снимки испратени од гледачите на маратонот
Си-ен-ен под ознака ексклузивно соопшти дека ФБИ користејќи ги видео снимките во потполност идентификувал за кого станува збор, а осомничениот терорист веќе е уапсен.
– На снимката се гледа едно лице како доаѓа и остава пакет, после што се оддалечува – пренесува телевизијата.