На српската фолк-пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ замалку ѝ преседнал одморот на Кипар, кадешто решила да побегне од секојдневните обврски, кога слушнала дека нејзиниот татко е наводно притворен во полициска станица, пишува српски „Ало!“.
Како што дознава „Ало!“, Слободан Величковиќ (67) бил задржан во притвор, бидејќи во четврдокот напладне бил затекнат зад волан пијан. При контрола на возачите, полициска патрола запрела бел автомобил недалеку од автобуската станица во Житораѓа, зад чиј волан бил таткото на Цеца. На сообраќајците им било сомнително однесувањето на возачот, па побарале да се подложи на алкотест. Меѓутоа, тој одбил, па полицајците биле принудени да го одведат во полициската станица во Житораѓа.
Величковиќ во четвртокот бил задржан до еден часот по полноќ, по што бил пуштен дома. Кога го контактирале Слободан Величковиќ за да добијат коментар за притворањето, тој им рекол дека „ништо немаше, тоа се глупости“, пишува „Ало“!
Инаку татко ѝ на Цеца во 2012 година поминал една ноќ во полиција откако предизвикал сообраќајна несреќа. Бил задржан за да се отрезни откако било утврдено дека вози со 1,22 промили алкохол во крвта. Во инцидентот немало повредени.