Надлежниот митрополит на Австралиско-новозеландската епархија, Владиката Петар утрово бил приведен и однесен во полицијата во Мелбурн на информативен разговор, објави интернет порталот „Фаланга.мк“.
Двајца детективни од оделот за криминологија на полицијата во Викторија го посетиле домот каде престојува владиката, а по краток разговор го повикале во полициска станица. „Фаланга“ објави видео како Владиката Петар во придружба на детективите се качува во службено возило.
Засега нема информации поради кои причини е приведен Владиката Петар.
Во МПЦ засега нема никаков коментар и офиицјален став. За веста слушнале од медиумите, но додека не добијат официјална потврда не скаат да даваат какви били коментари.