Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу испратил информација до Здружението на новинари дека има приведени лица за инцидентот во кои со клоци и со боксови беа претепани снимателот Владимир Желчевски и за новинарот Александар Тодевски.
Министерот не открил колку лица се приведени, ниту како и каде биле фатени напаѓачите.
Екипата на А1 он била нападната пред Триумфалната капија, напаѓачите ја оштетиле камерата и ги тепале новинарите. Поради повреди, новинарите беа префрлени во Ургентниот центар во Скопје.
Министерот истакнал дека се работи на расчистување на случајот.