Со запалени факли приврзаниците на Шарената револуција во понеделник попладне пред републичкото Собрание ја искажаа својата поддршка за Специјалното јавно обвинителство(СЈО).
Според „Шарените“, главна причина за денешното собирање е неколкудневниот мобинг што пратениците го вршат врз специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Тие најавија дека доколку има потреба, повторно ќе се организираат и ќе се вратат на улиците.