Приземјени сите „боинг 737“ авиони- нема да летаат додека не бидат безбедни


Американскиот претседател Доналд Трамп издал наредба, итно да се приземјат сите авиони „боинг 737“ макс.

САД решија да ги приземјат сите звиони „боинг 737“ Макс 8 и Макс 9 и таа наредба стапува во сила веднаш, соопштил Трамп.

Одлуката е донесена по падот на Боинг 737 во Етијопија во која загинаа 157 лица.

Многу земји го забранија полетувањето на овие авиони, а помеѓу нив и Македонија, но пред оваа објава на Трамп, американската Федерална администрација за авијација соопшти дека не располага со податоци дека овие авиони се небезбедни.

Трамп ги цитираше “новите информации” како причина за одлуката што ја виделе во тековната истрага за несреќата, но не ги специфицира деталите.

Трамп рече дека авионите нема да летаат додека Боинг “не најде решение”. Боинг објави дека ќе ја суспендира целата флота на авионот 737 Макс, од кои вкупно 371.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1