Аргентинската полиција трага по хрватскиот државјанин Луна Терзиќ Николиќ, кој за време на војните во Хрватска, според сопствените признанија убил 145 Срби. Потерата е организирана по Терзиќ во Аргентина откако се обиде да убие еден свој познаник, по што побегнал. Според аргентинските медиуми Терзиќ се запознал со својата идна жртва преку социјалните мрежи, по што тие се сретнале.
Терзиќ претходно веќе живеел во Чиле, каде што ја убил својата сопруга и бил осуден на 13 години затвор. Сопругата ја убил со осум куршуми, од кои шест во главата, пишуваат аргентинските медиуми.
За време на престојот во затвор во Чиле Пунта Аренас, Терзиќ дал интервју во кое не само што кажал детали за убиството на неговата сопруга, тој исто така призна дека е одговорен за смртта на најмалку 145 Срби за време на војната во Хрватска во деведесеттите години.
– Колку луѓе имам убиено? Добив потврда дека се 145 луѓе и нека остане на тоа. Сепак, тие не беа луѓе, тие беа непријатели, српски непријатели. Тие беа Срби, тие не се луѓе, изјавилЛун Терзиќ Николиќ само неколку години пред да се пресели во Аргентина.
Чилеанската телевизија во склоп на серијалот насловен „ Моја грешка“, снимила епизода под налсов „Хрват“.