Вчера во 07.10 часот во Пробиштип на ул.„Миро Барага“ се случила сообраќајна незгода во која Автобус „Ивеко–Дејли“ со штипски регистарски ознаки сопственост на „Дора–Травел“ ТП со седиште во с.Злетово–Пробиштип, а управувано од З.М.(32) од с.Злетово, удрило во 12 годишно девојче од Пробиштип.
Во незгодата со тешки телесни повреди (скршеница на десна клучна коска, гребаници на десен очен капак и оток) се здобило девојчето кое по укажана лекарска помош во Здравствен дом Пробиштип е пренесена во Медицински центар Штип.
Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Пробиштип.