Продадени дел од скалите на Ајфеловата кула за 500.000 евра


Дел од скалите на Ајфеловата кула, продадени се кон средината на минатата недела, со наддавање од аукциската куќа „Арткуриал“ за поливина милион евра, што е десет пати повеќе од првобитната проценка.Ajfelova kula

Четиринаесет скали од ковано железо кои се наоѓале меѓу вториот и третиот кат на кулата се продадени за 523.800 евра по жестоко наддавање во акциската куќа Арткуриал.

Претставник од куќата вели дека во вторникот се одвивала драматична продажба меѓу заинтересирани купувачи и дека понудите растеле и по 20.000 евра, надмашувајќи ја за десетпати првобитната проценка од 40.000 евра.

Аукционерот Франсоа Тајан вели дека скалите се продадени на азиски купувач по пат на телефон.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1