Продавницата “Macedonian wines” на скопскиот аеродром нема да работи два дена за да не се вознемири Коѕијас?


Претставници на грчкиот државен протокол кои го проверувале скопскиот аеродром нашле потенцијален проблем за кој се бара интервенција од домаќините во пресрет на посетата на министерот Коѕиас на Скопје, пишува порталот Expres.mk.

 

Проблемот е продавницата за македонски вина која што им боде очи на членовите на грчкиот протокол и за која се бара интервенција на домаќините.

Грчки извори за expres.mk велат дека министерот Коѕиас не се плаши од продавницата која што е во делот од аеродромот од каде се заминува од Скопје, затоа што тој ќе влезе преку ВИП салонот и не може да биде сликан до “македонски вина”.

Проблем за грчкиот протокол е што медиумите кои што ќе дојдат со Коѕиас и другите патници можат називот на оваа продавница да го сфатат како провокација што нема да биде добро за процесот на преговори.

Едно од предложените решенија за “Macedonian wines” e продавницата да не работи денеска и утре се до заминување на грчката делегација а нејзината фирма да биде покриена со платно.

Правото на користење на името Македонија во комерцијални цели една од точките за кои преговараат двете земји.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1