Огромни редици на автомобили и автобуси има на граничниот премин Евзони за влез во Грција од Македонија, при што се чека од два до три часа за да се мине преминот, велат очевидици иако според АМСМ на граничниот премин Богородица, за излез од државата, има задржување околу 30 минути, а на останатите гранични премини и покрај зголемената фреквенција, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Од АМСМ информираат дека на граничниот премин Богородица пуштени се во функција сите четири линии и дека и покрај тоа што има поголем број на возила, минувањето преку преминот се одвива релативно брзо.
Исотвремено АМСМ информира дека и на граничниот преми Дојран во последниот час е забележана зголемена френкфенција, но возилата не чекаат подолго од 20 минути
Оваа информација се однесува само за македонската страна на преминот,додека не информација за состојбата на грчката страна од премините.
АМСМ информира дела сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопшти во сабота изутрина
На делницата Скопје-Охрид-Скопје има забрана за тешки товарни возила за време на викендите и тоа петок од 15:00 до 22:00 часот, сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и недела од 07:00 до 22:00 часот. Оваа забрана се однесува за период од 01.07. до 01.09. секоја тековна година.