Најдобро платените работи во 2030 година, според истражувањата, ќе бидат вселенски пилот и научници кои работат на подрачјето на наномедицината, пишува загрепскиот „Вечерњи лист“. Како што пишува весникот, луѓето најмногу се радуваат на социјалните работници за социјални мрежи и изумители на возила на алтернативни извори на енергија.
Според деталното истражување кое неколку години го спроведувања британската организација „Фаст форвард“ за помалку од две децении пазарот на труд би требало темелно да се промени. Тоа ќе биде последица на промената на општеството, а британските научници кои ја израбоитиле студијата заклучуваат дека бројот на луѓе кои живеат на Земјата ќе се зголеми на речиси 8,5 милијарди, а роборите ќе бидат нормална појава. Всушност, секоја година нивниот број ќе се зголемува за пет милиони.
Професиите на иднината ќе бидат врзани за развој на медицината и за климатските промени, а неизбежен сектор во кој што ќе се развиваат нови струки ќе биде и виртуелниот свет.
Во „реалниот свет“ ќе има уште многу немири и нестабилност, па се најавуваат војни со помош на генетски манипулации, како и воведување полиција за манипулирање со дожд и облаци.
Иако во нашиот регион многу од тие професиите на таа листа изгледаат како научна фантастика, научниците кои ја изработиле студијата уверуваат дека пазар за сите наведени професии ќе постои веќе до 2030.
Така изработувач на делови за човечко тело ќе постои уште 2020 година, а наномедицината би требало да се развие за најмногу пет години подоцна.
Пред 2030 година хирург специјализиран за враќање на сеќавањето нема да постои, но научниците уверуваат дека во 2040 година таквите операции ќе се прават во поголем дел од светот.
Од друга страна, велнес експерти за постари лица или продавачи на време постојат и денеска, но таа индустрија во иднина се’ повеќе ќе се развива.
Ова е листата на професии на иднината:
1. Генетски дизајнер – дизајнер на деца – со развојот на генетиката расте потенцијалот за развој на гранка на медицината која ќе се бави во генетско инжинерство на неродените деца.
2. Произведувач на телесни делови – личност која произведува органи со помош на клонирање
3. Менаџер за здравје на работниците – ќе го има секоја компанија, а на доброволци ќе се применуваат најновите медицински третмани.
4. Аналитичар на гените на вработените – личност која ќе ги проучува генетските предиспозиции на вработените и според тоа ќе одлучува дали ќе ја задржи работата или не.
5. Хирург специјалист за зголемување на капацитетот на мозокот – човековиот мозок ќе биде преполно со информации, а споменатиот хирург би требало да помогне да се намали притисокот на центарот за паметење.
6. Генетски хакер – луѓе кои ќе крадат ДНК од животни, луѓе и билки и ќе креираат вируси за да ги убиваат луѓето или да го уништуваат светот
7. Планер на крајот на животот – личност која ќе им помага на луѓето да испланираат кога и како ќе умрат бидејќи медицината ќе им овозможи да луѓето да живеат особено долго.
8. Вертикален фармер – со оглед на зголемувањето на бројот на жители, во градовите ќе се развијат вертикални фарми. По вештачко светло во згради и во вода ќе се одгледува овошје и зеленчук.
9. Експерт за манипулација со клима – ќе ги крпи дупките во оканите со железо и ќе креира чадори кои ќе ги неутрализираат сончевите зраци.
10. Полицаец за манипулација на временските промени – полицајци ќе бидат потребни за да се спречи уништување на одредени делови од светот предизвикувајќи поплави или претворање на земјата во пустина.
11. Продавач на права на користење на пустини – пустините ќе се продаваат како идеални подрачја за развој на соларна енергија.
12. Трговци со вода – слично како и со нафтата, ќе се развие пазар со вода на пазарите на капитал.
13. Менаџер за чување податоци – експерт за безбедно чување на чувствителни податоци на владите, политичките партии, компаниите и граѓаните.
14. Продавач на информации – информациите стануваат стока и тоа најскапа. Затоа се очекува дека ќе се развие посебен пазар и начин за тргување со знаење.
15. Продавач на време – роковите стануваат валута.
16. Управувач со буџетите на луѓето кои не примаат плата – секоја државен службеник или работник во локална самоуправа мора да ги профилира своите корисници и да го пресмета апсолутниот минимум кој што е потребен за преживување.
17. Велнес менаџер за стари лица – во теретаните ќе постојат програми за постари лица како и посебни масажи.
18. Консултант за дебелина – има се’ повеќе дебели луѓе па ќе им биде потребен консултант за слабеење
19. Етичари на новите науки – тие ќе помогнат да се усвои нова етика која оди во чекор со новиот свет во кој што живееме.
20. Програмер на лична забава
21. Програмер за стрес
22. Консултант за приватност
23. Експерт за криење на идентитетот
24. Експерт за читање мисли
25. Дизајнер на аватар
26. Дизајнер на егзоскелетон
27. Експерт за етика на медиумите
28. Виртуелен сексуален организатор
29. Дизајнер на пасош за вселената
30. Менаџер на популацијата на Земјата
31. Дизајнер на интелегентна облека
32. Советник за животни трагедии
33. Легален продавач на наркотици
34. Сајбер библиотекар
35. Експерт за одбрана
36. Социјален работник за социјалните мрежи – за луѓе кои се чувствуваат отфрлено на социјалните мрежи
37. Советник за унапредување на телесни способности
38. Експерт за наномедицина
39. Креатор на синтетички живот
40. Телемедицински техничар
41. ГМО фармер
42. Биометриски инженер
43. Биоинформациски научник
44. Геомикробиолог
45. Експерт за експериментална терапија
46. Експерт за продолжување на животниот век
47. Крионички техничар
48. Оператор на биорафинерија
49. Оператор на ветерна електрана
50. Техничар за батерии
51. Готвач за специјализирана храна со инсекти
52. Техничар за хлорофил
53. Инженер специјалист за фузија
54. Консултант за користење на природните ресурси
55. Специјалист за подземни градови
56. Управник на карантин
57. Експериментален геолог
58. Координатор за одржлив развој на компаниите
59. Аналитичар за климатски промени
60. Аналитичар за употреба на енергија
61. Бизнис советник за климатски промени
62. Аналитичар за рециклирање
63. Аналитичар за консолидација на системи
64. Контролор на апликации за комуницирање на компјутери
65. Специјалист за индивидуални медиумски решенија
66. Аналитичар на податоци
67. Аналитичар на социјални мрежи
68. Експерт за поедноставување на системи
69. Координатор на работно време во глоблани корпорации
70. Сајбер чувар
71. Менаџер на социјални мрежи
72. Организатор на виртуелни ормари
73. Експерт за јазик на апарати
74. Специјалисти за квантано програмирање
75. Асистент за стекнување искуство
76. Дизајнер на интерфејс за амбиентална интелегенција
77. Водич низ интернет информации
78. Професионален виртуелен граѓанин
79. Виртуелен адвокат
80. Виртуелен менаџер за безбедност на недвижнини
81. Менаџер на аватари
82. Советник за романтични онлајн врски
83. Виртуелен полицаец
84. Виртуелен асистент за шопинг
85. Холограмски техничар
86. Актер на виртуелна реалност
87. Дизајнер на роботи
88. Техничар за роботика
89. Советник за роботи
90. Менаџер за хидрогенски пумпи
91. Пилот на цепелин
92. Експерт за развој на алтернативни превозни средства
93. Експерт за телепортација
94. Експерт за летови на соларен погон
95. Експерт за инфраструктура
96. Дизајнер на модерни железници
97. Вселенски пилот
98. Вселенски архитект
99. Научник на полетот на прилагодување на Месечината и планетите на условите на Земјата
100. Астрогеолог
101. Програмер за индвидуално учење
102. Дизајнер на социјални системи
103. Приватен бренд-менаџер
104. Терапевт за социјализација и среќен живот
105. Осмислувач на спортови за лица со посебни потреби
106. Експерт за невербална комуникација
107. Директор за одговорно инвестирање
108. Директор за систем и управување
109. Дизајнер и контролор на валути
110. Истражувач на ретки и нови метали
Мора да се признае дека листата делува како чиста фантастика. Колку британските научници се во право, ќе покаже времето. Сепак треба да се има предвид луѓето кон срединатата на минатиот век повеќе верувале во развој на летачки автомобили отколку во развој на мобилни телефони.
Нетпрес