Еден од најголемите педофилски скандали ги потресува САД, Велика Британија, но и бројни други држави, а во центарот на скандалот е Вилијам Вахеј, професор и татко на две деца.
Тој е обвинет дека во период од 42 години сексуално злоставувал најмалку 90 деца на возраст од 12 до 14 години. Прво ги дрогирал, а потоа чекал да се онесвестат, по што сексуално ги злоставувал.Како предавач се појавувал во Англија, Шпанија, Грција, Саудиска Арабија, Индонезија, Иран и Либан. Раката на правдата, професорот го стигнала во Никарагва, поточно на американскиот колеџ во Манагва каде е пронајдено негово USB полно со фотографии од голи деца.
USB меморијата ја украла чистачката на универзитетот, а шокантната содржина ја забележала дури по неколку месеци.
Таа, сите фотографии ги предала на полицијата, а целиот случај го презел FBI, по што Вахеј признал дека злоставувал деца, на кои им давал таблети за да ги онесвести, но тврдел дека и тој е жртва.
– Како дете бев злоставуван, затоа го правам сето ова. Го правам тоа откако знам за себе – им рекол тој на истражителите.
Два дена по признанието, професорот бил пронајден мртов во мотел во градот Лувернеу во Минесота, а полицајците соопштиле дека се работи за самоубиство.
Неговите колеги биле шокирани кога целата приказна излегла на виделина. Уште поизненадувачки бил фактот дека тој секаде се вработувал без проблеми иако уште во 1969-тата година, во Калифорнија, бил осомничен за педофилија.
FBI и Скотланд Јард сега собирале докази и се обидувале да ги идентификуваат жртвите на овие брутални силувања, но работата им го отежнувало тоа што повеќето жртви не се сеќавале на злосторт зашто биле дрогирани. /Извор: AP/