Професор од Србија: Купи моја книга или нема да положиш


За да го положат испитот кај професорот Радован Грандиќ На Филозофскиот факултет во Нови Сад, студентите морале да приложат уплатница со која ќе докажат дека ја купиле неговата книга.

Овој професор, како што пишуваат српските медиуми, не само што делел уплатници на студентите во својот кабинет, туку организирал и тајно полагање на испити и земал телефонски броеви од студентите.

uplatnica500 -Испитот не го пријавуваме регуларно, туку постои одредено лице кое прави списоk за студенти кои ќе полагаат. На писмениот дел од испитот студентите се должни да го остават и својот телефонски број, бидејќи оцената можат да ја дознаат исклучиво преку СМС порака. Ако го положиме писмениот дел професорот не повикува во неговиот кабинет и таму ни дава уплатница со сума која треба да ја платиме, раскажала една студентка за 24сата.рс.

На уплатницата веќе е напишана сумата, а на местото за намена е напишано за купување кнга.

– Професорот, наводно, на основа на бодовите кои ги имаме од претходно, одредува која книга треба да ја купиме за усниот дел од испитот. Тоа се често учебници кои немаат никаква врска со неговиот предмет, истакнал друг студент.

Професорот Грандиќ не одрекувал дека дели уплатници, ниту пак дека им ги бара нивните телефонски броеви, туку изјавил дека никогаш не ги принудувал студентите да прифатат било што од тоа што им го нудел.

– Никогаш не сум рекол на ниту еден студент дека мора да земе уплатница и да уплати за да дојде на испит. А телефонските броеви им ги барам за да можам веднаш да им сооптам каква оценка добиле, посочил професорот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1