Панчево, по Ковин, е втор град кој прогласи вонредна состојба поради комарците
Градоначалникот на Панчево Павле Раданов прогласи вонредна состојба во градот за поефикасно уништување на комарците кои ја пренесуваат треската Западен Нил, иако засега нема заболени.
Во Панчево, нема заболени од треската Западен Нил, иако градот минатата година беше втор во Јужен Банат, рече епидемологот на аводот за јавно здравје Слаѓана Томиќ, пренесуваат српски медиуми.
Таа им препорачува на граѓаните доколку бидат сигурни дека имаат настинка пропратена со главоболка и гадење да го контактираат нивниот лекар веднаш.
Панчево, по Ковин, е втор град кој прогласи вонредна состојба поради комарците.