Прогноза на УХМР: Температурите паѓаат по 10 степени, доаѓа снегот


Попладневните часови, претежно на север и исток, ќе има повремени врнежи од дожд. Слаб повремен дожд ќе има и во четврток, а од попладневните часови и преку ноќта кон петок врнежите повремено ќе бидат поинтензивни.

Ќе започне да дува северен ветер кој во наредните денови повремено ќе биде засилен и ќе предизвика значително опаѓање на температурите за десетина степени во однос на денешните.

Ѕид на сообраќајниот срам

Ѕид на сообраќајниот срам

Поради спуштање на студен воздух од север во текот на ноќта кон петок и во петок претпладне на повисоките планини во северозападниот дел од земјава врнежите ќе поминуваат во снег.

Од петок попладне следува период на стабилно, суво и постудено време со утрински температури кои на некои места ќе се спуштат и под нулата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1