Прогноза за денес – жешко АЛАРМ жолта фаза во Македонија


Целата територија на Република Македонија од  понеделник, ќе биде зафатена со повисоки температури кои ја дефинираат жолтата (алертна) фаза, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Станува збор за температури до 37 степени кои се повисоки за овој период од годината и потребна е посебна внимателност за заштита на здравјето на населението и адаптација кон повисоките температури.

Momak se okrepljuje vodom

Очекуваме ден со претежно сончево време и без некој особен облачен развој. Според Метеопро во југозападниот регион само повремено ќе дува умерен западен ветер

Повторно најниската дневна температура во поголем дел од низините ќе има вредност од 14 до 18 целзиусови степени.

Максималната температура биде во границите од 33°С до 35°С во поголен де од котлините во источниот и повардарскиот регион. Максимална до 37°С се очекува во југоисточниот крај. Највисока дневна околу 31°С се очекува во пелагониската котлина како и во охрисдко-преспанскиот регион.
УВ индекс: 8.

Потребно е да се почитуваат општите препораки за заштита од повисоки температури, одбегнување на директно изложување на сонце во периодот од 11 до 17 часот, консумирање лесна храна и повеќе течности.

Посебно внимателни треба да бидат постарите, хронично болни лица, кои треба редовно да ја земаат препишаната терапија од лекар.

Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, потребно е темелно миење на овошјето и зеленчукот пред нивната употреба, добра термичка подготовка на храната, задолжително чување на храна во фрижидер на + 8 степени, како и избегнување консумација на лесно расипливи производи, кремови, мајонези,…

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1