Времето првиот работен ден ќе биде променливо облачно, од пладневните часови ќе има повремен локален дожд, особено во планинските региони. Попладне во планинските делови ќе има и услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието.
Утринската температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а дневната од 23 до 29 степени.
Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Од пладне ќе има услови за повремен слаб дожд. Утринската температура ќе биде 15, а дневната ќе достигне до 28 степени.
Променливо облачно време со повремен локален дожд, особено во попладневните часови, кога ќе има и појава на ретки грмежи ќе преовладува до среда. Ќе дува умерен северен ветер, кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието. Од четврток ќе преовладува претежно сончево и потопло време, попладне со умерена облачност.