Проговори семејството на напаѓачот од Берлин- еве што кажаа


Тивкото и сиромашно село Оуеслатија во последните два дена е под окупација на новинарите, но и полицајците. Во родното место на Анис Амри, главниот осомничен за нападот во Берлин, владее целосен хаос.

Семејството се обидува да ги увери новинарите и детективите дека немаат врска со џихадистите, додека сите останати од нив се обидуваат да дознаат како Анис од малолетен деликвент станал опасен терорист.anis1

Браќата, сестрите и мајката не можеле да дојдат до тој одговор, но неговиот татко Мустафа мислел дека знае за што станува збор.

-Живеевме во беда и сиромаштија. Анис заврши основно училиште, беше како сите останати свои врсници. Меѓутоа, проблемите започнаа кога поради сиромаштијата мораше да се отпише од средно училиште. Повремено работеше на фарма, а парите почна да ги троши на алкохол и хашиш. Набрзо почна да ограбува, па неколку пати заврши во затвор- рекол Мустафа кој пресвртот во животот на Анис го видел во неговото заминување во Италија.

-Замина во Италија во 2011 година. Половина Тунис тогаш се отсели. Она што го знам е дека поради грабеж и обид за подметнување пожар заврши во затвор. Зад решетки помина цели четири години и таму се сретна со радикални исламисти. Во затворот му го испрале мозокот- рекол Мустафа за „Тајмс”, потврдувајќи дека Анис ја искористил војната во Сирија за да стигне во Германија со останатите бегалци.napagjac-berlin

-Не знам што му се случило. Порано обожуваше фудбал, постојано менуваше девојки, а верата воопшто не му паѓаше на памет. Изгубивме контакт кога замина во Германија. Им се јавуваше на браќата и сестрите, но мене не. Исто така, не ни испраќаше пари, само еднаш преку еден пријател од Тунис ни испрати мобилен и чоколада- раскажал неговиот татко.

Неговите браќа и сестри биле во шок уште од моментот кога ја виделе фотографијата на Анис на телевизија.

-Се жалеше дека не може да најде стан во Германија и дека спие насекаде. Меѓутоа, последните два пати кога се слушнавме, рече дека е во ред. Но, немојте неговите дела да ни ги препишувате нам. Ова семејство никогаш немало контакт со ИСИС, ние исто така сме жртви!- рекол неговиот брат Валид.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1