Dropbox може да ви помогне да си го лоцирате украдениот или изгубениот компјутер благодарение на опција за безбедност.
HackCollege објави видео во кое oбјаснуваат дека веб складиштето има опција Security Tab преку која се прикажуваат сите уреди кои пристапуваат до профилот.
Tреба да знаете дека Dropbox е сервис кој ги складира фајловите во облакот, т.е. на веб, и до нив може да пристапите преку било кој компјутер, паметен телефон и таблет компјутер.
Заради безбедноста и контрола на пристап до фајловите, Dropbox ги следи сите IP адреси кои пристапуваат до профилот. Така ќе може да го лоцирате вашиот компјутер.
IT.com.mk