Произведен ајфон со ликот на Владимир Путин


По повод прославата на 63-тиот роденден на рускиот претседател, компанијата „Caviаr“ произведе смартфон со златен изгравиран лик на Владимир Путин на задната страна од телефонот.

ajfonputin3

Новиот ајфон 6Ѕ се појави на пазарот, а Епл се пофали со најуспешниот почеток во продажбата на новиот модел на ајфон досега. Веќе во првите три дена се продале повеќе од 13 милиони апарати.

Овој мобилен е наречен „Caviar Ti Gold Supremo Putin Anniversario Edizione 63“. Задната страна е направена од титаниум, а содржи златни делови – изгравираната глава на Путин, грбот на Русија и плакета со стих од руската химна. Купувачите добиваат луксузна дрвена кутија за чување  на телефони.

Ајфонот 6Ѕ е достапен во само две верзии – од 64 гигабајти и 128 гигабајти. Цената на првата верзија се движи нешто повеќе од 2.700 евра, а втората верзија може да се купи за околу 2.890 евра.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1