Малата Анѓелина Стефановиќ (3), која брутално ја силуваше и уби соседот Владица Рајковиќ, е трето мртво дете во куќата на Стефановиќ, која мештаните ја сметаат за проколната.
-Семејството Стефановиќ таа куќа ја наследи од жената која ја чуваа. Бабата што ја гледаа останала без синот, снаата и внукот во тешка сообраќајна несреќа. Наводно тие се враќале од море и доживелале ужасна несреќа во која сите останале на место мртви. Од тогаш почнало да се зборува дека на таа куќа е фрлено проклетство.
Како што велат соседите, семејството Стефановиќ во последните пет години останале без две деца, а Анѓелина е трето.
-Во таа куќа мистериозно починаа две деца, не се знае поради што. Првото бебе имаше шест месеци. Второто било малку постаро. Наводно навечер го заспале, но не се разбудило. Злосторството извршено над третото дете само ги подгреа приказните дека куќата е проколната – велат соговорниците.