Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и свежо со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен и југоисточен правец.
Температурата ќе се движи од 17 до 23 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и свежо со повремен локален дожд. Ќе дува ветер од североисточен и југоисточен правец. Температура ќе достигне до 21 степен.