Времето во Македонија утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб краткотраен локален дожд, на планините со слаб снег.Дневната температура ќе се движи од 3 до 12 степени Целзиусови.
Во петок почнува постепено подобрување на времето. Услови за слаб снег ќе има само во планинскиот регион во западниот дел од земајта. Останатите краишта очекуваат умерена облачност со сончеви периоди. Југоисточниот крај може да се надева на нешто подолги и почести сончеви периоди. Кон крајот на денот во поголем дел од земјава очекуваме намалување на облачниот слој.
Највисоката дневна температура долж течението на Вардар ќе има вредност од 9°С на север до 12°С на југ. Котлините во западниот регион очекуваат највисока температура околу 7°С, а на исток околу 8°С. На повисоките места максималната ќе има вредност околу 3°С.
Во скопската котлина очекуваме претежно облачно време со повремени сончеви периоди. Навечер облачноста ќе се намали значително. Максималната температура ќе има вредност околу 9°С.
Meteopro