Промоција на нова инструментална песна за роденденот на Тоше


Со крводарителска акција, изложба на фотографии на Тоше и промоција на негова нова песна утре во Спомен-куќата на Тоше Проески во Крушево ќе биде одбележан 36-от роденден на македонската и балканска музичка ѕвезда, која 2007 година трагично го загуби животот во сообраќајната несреќа кај Нова Градишка, Хрватска.tose 1

Манифестациите ги организира Фондацијата „Тоше Проески“ во соработка со Спомен куќата – музеј на Гумење во Крушево, вели Елена Мирчевска, директор на музејот- спомен куќа „Тоше Проески“.

– Утре во текот на целиот ден во Спомен-куќата ќе се спроведе крводарителска акција. Напладне, во 12 часот ќе биде отворена изложбата на петнаесетина досега необјавени фотографии на Тоше. Утре, на роденденот на Тоше кога требаше да наполни 36 години ќе се промовира и инструменталната верзија на песната на Тоше „Никада“. Инаку, веќе се дојдени неговите фанови од Бугарија, Србија, од Русија за уште еднаш да му укажат чест и почит на Тоше за сето музичко творештво што го создаде и за сите хумани дела, вели Мирческа.

Во спомен на Тоше Проески утре ќе се одржи и панихида на неговото вечно почивалиште на Гумење во Крушево.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1