Аперсида Шунк, тештата на Берни Еклстон, киднапирана е минатиот петок, а преговорите со киднаперите сè уште траат. Полицијата се сомнева дека грабнувањето го извршила банда од Европа.
Аперсида е киднапирана во Сан Паоло, во квартот Интегралос. Полицијата разговарала со сите соседи и малку кој во Интегралос знае дека Аперсида е, всушност, тешта на сопственикот на Формула 1. Полицијата поради тоа верува дека грабнувањето е планирано со месеци.
Таа била дома со две слугинки кога заѕвонило ѕвенчето на вратата. Пред вратата стоеле мажи кои се претставиле како доставувачи и носеле кутии. Кога една од слугинките ја отворила вратата, едниот од нив со нож се заканил и ја присилиле Аперсида да влезе во автомобилот, по што се одвезле во непознат правец. Еден очевидец рекол дека еден од киндаперите е на возраст од околу 18 години и дека имал пиштол.
Бразилските медиуми пишуваат дека идентитетот на киднаперите веројатно е познат на полицијата, но бидејќи сè уште не се лоцирани, полицијата сè држи во тајност за да го загрози животот на Аперсида Шунк (67).
Автомобилот во кој се возеле киднаперите со бабата на Берни, пронајден е на 40 километри од куќата од која е грабната Аперсида, но ниту трага од киднапираната жена.
– Форензичарите го прегледаа возилото, но од Шунк ниту трага ниту глас- соопштиле од полицијата.