Пронајден е херојот што спаси стотина животи


Пронајден е херојот што спаси стотина животи вчера. Елка Јачева Улчар, која објави статус на социјалната мрежа „фејсбук“, за „Република“ изјави дека го нашла херојот кој им помогнал на многу луѓе во вчерашното невреме кое се случи во скопско и тетовско.poplav68

– Го најдов човекот. Тој е од село Вратница, но не сака никаков публицитет, не сака да се експонира. Ќе го објавам неговото име на „фејсбук“ и сакам јавно да му се заблагодарам за се она што го стори за сите нас, што помогна на патниците кои сакаа да патуваат кон обиколницата – изјави д-р Јачева – Улчар, научен соработник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Многу луѓе кои синоќа патувале и сакале да влезат во Скопје, сведочат дека на влезот во Скопје, пред обиколницата биле запирани од млад непознат човек кој ги препупредувал на лошата и опасна ситуација на обиколницата. Тие својот пат кон домовите го пренасочувале по други пристапни патишта, со што практично си ги спасиле и животите.

– Човекот беше многу хуман, едноставно реагираше човечки и им помагаше на луѓето. Вакви луѓе ја враќаат вербата во човештвото. Ние се враќавме од летување и нам патот не не водеше преку обиколницата. Од роднините и пријателите веќе бевме информирани дека има невреме во Скопје, но кога го преминавме граничниот премин Табановце, немаше трага од дожд. Се гледаа само молњи во далечината, личеше како да се во Албанија, а не тука близу, во Скопје – објаснува Јачева – Улчар.

Таа е благодарна што уште постојат хумани луѓе кои во секој момент би помогнале на непознати, посебно во вакви тешки ситуации.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1