Пронајден град кој бил заборавен 1.200 години (Фото)


Заборавете ги малите четкички за чистење прав и копањата, новата алатка задолжителна во археологијата е ласерот.

20130617-pronajden-grad-koj-bil-zaboraven-1-200-godini-2

Изминатиот месец, истражувачите открија изгубен град во Хондурас, а сега, археолозите во Камбоџа најдоа заборавен град кој е дури постар од претходниот. Запознајте се со Махендрапарвата, град кој бил непознат последниот милениум.

Аголот од џунглата во Камбоџа кадешто се криел градот бил означен по остатоците од еден храм, но големината на градот не била позната сѐ додека истражувачите не донеле воздушна ласерска технологија позната како „Лидар“.

20130617-pronajden-grad-koj-bil-zaboraven-1-200-godini-4

Со оваа технологија, градот јасно бил забележан, во целата негова големина.

Демијан Иванс од универзитетскиот археолошки центар во Камбоџа го опишал моментот: „Со инструментот, бум, одеднаш видовме слика на целиот град кој никој не знаел дека постои, што е неверојатно.“

Махендрапарвата не е само било каков изгубен град, тој е најстариот во Камбоџа. Сега, истражувачите се свесни за големината и скриените карактеристики на овој изгубен град кои може да ги ископуваат.

Fakulteti,mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1