Секторот за внатрешни работи Тетово целосно го расчисти пријавеното грабнување на 53-годишниот А.А. од Жеровјане.
-Веднаш по пријавувањето на грабнувањето вчера (9 ноември) околу 18 часот од неговиот 33-годишен зет Н.Б. од Боговиње, беа превземени повеќе конкретни активности и во текот на денов А.А. пронајден е во Гостивар, а потоа повикан е во Полициската станица Тетово. Во разговорот со него утврдено е дека А.А. комплетно ја измислил приказната со грабнувањето, зашто се соочувал со повеќе финансиски проблеми, информираат од СВР Тетово.
По комплетното расветлување на сите поединости, а во консултација и координација со јавен обвинител, против него ќе следува соодветен поднесок.