Мистериозна куќа на вода (houseboat) неодамна била откриена на еден од бреговите во Ирска, а заради пораката која била пронајдена во неа, за случајот дозна целиот свет.
Нејзиниот сопственик Рик Смол вредниот посед го оставил на бездомниците. Тој во пораката која ја оставил нагласил дека не дозволува да се изнајмува оваа конструкција ниту на било кој начин да се заработува со неа, туку може да ја користат лушето кои немаат свој дом.
– Необична е заради својот облик и големина. Моравме да ја тргнеме од водата затоа што мораше да ја провериме пред некој да заплови со неа, или барем да седи на водата крај копното, изјавил чуварот Мајкл Хурст.
Се работи за брод во кој може да се живее кој бил изработен во Канада и според зборовите на надлежните од крајбрежната стража во Ирска каде бил пронјден, бил исклучително квалитетно изработен и има голема вредност.