Попладнево во просториите на полициската станица во Пробиштип, пронајдено е безживотното тело на полицискиот службеник Дончо С. од Пробиштип, информираат за Канал 5, надлежните од штипската полициска станица.
Увидот не е завршен, а го врши тим од Основното јавно обвинителство од Штип и истражна екипа од тамошната полициска станица. Неофицијално, Канал пет дознава дека починатиот бил инспектор по криминална техника во посочената станица.
Причината за смртта на пробиштипјанецот засега е во рамките на разноразни непотврдени информации како што е, наводно резултат на самоубиство.
Сепак, повеќе детали за немилиот настан кој денеска ги вознемири граѓаните на Пробиштип, надлежните истражни органи од штипската полиција со прес најавија за утре.