Геолозите во Тихиот океан го открија најголемиот вулкан на Земјата и еден од најголемите во целиот наш сончев систем. Вулканот наречен „Таму масиф“ е голем речиси колку Британскиот остров.
Овој вулкан е за 25 отсто помал од гигантскиот вулкан „Олимписка гора“ на Марс, кој научниците го сметаат за најголем во Сончевиот систем.
До сега најголемиот вулкан на Земјата беше „Мауна Лоа“, еден од петте вулкани на Хаваите.
Вулканот „Таму масиф“ се наоѓа на подрачје на огромна подводна рамнина, околу 1.600 км источно од Јапонија.
Научниците наведуваат дека покрива површина од околу 310 илјади квадратни километри, а висок е околу 3.5 километри!
За разлика од „Олимписка гора“ кој се издигнува дури 20 км. во висина, но има „плиток корен“, геолозите се уверени дека подножјето на „Таму масиф“ влегува околу 30 км. во длабочината на Земјината кора.
Претходно се сметаше дека „Таму масиф“, се група вулкани, какви што на земјата ги има десетици.
Тимот, предводен од Вилијам Сегер од Универзитетот „А&М“ во Тексас утврди дека сепак станува збор за само еден масивен вулкан.
Се верува дека овој вулкан е стар околу 145 милиони години и дека станал неактивен, неколку милиони години откако се формирал.