Уругваецот Фернандо Гомез Сиркунегва (58), кој четири месеци беше прогласен за исчезнат за време на снежна бура на Андите, е пронајден жив од страна на една аргентинска спасувачка екипа.
Чирчунегва во мај годинава се обидел со својот моторцикл да ги премине Андите, од Чиле во Аргентина, но моторциклот му се расипал во текот на една силна снежна бура, па тој останал сам и залутал во зафрлените реони на највисоката планина во Јужна Америка.
Спасувачите го пронашле на височина од 2800 метри.
Лекарите од аргентинската болница каде што Сиркунегва бил однесен по проаноѓањето, соопштија дека е дехидриран и дека загубил 20 килограми од својата телесна тежина, но дека сепак веруваат оти ќе се опорави.
Во првата куса изјава за еден уругвајски весник, Сиркунегва откри дека се хранел од она што го понел со себе кога тргнали на својот опасен поход преку Андите, како и со храната што ја наоѓал во планината или ловејќи стаорци.
Во 1972 година, 16 членови на еден уругвајски рагби тим, останаа заробени 72 денови во реонот на Андите, откако при една снежна бура се урна нивниот авион со 45 патници.
Рагибистите патуваа за Чиле од аргентинската страна на планината, а патниците кои останаа живи по падот на авионот, преживеаја јадејќи делови од телата на своите загинати другари.