Научници од Нов Зеланд во одалечена колиба на Антарктикот пронајдоа „совршено зачуван“ 106 години стар овошен колач.
Колачот, кој го меселе и печеле вредните британски слаткари „Хантли енд Палмерс“ е пронајден завиткан во оригинална хартија и сместен во тврда лименка, соопшти организацијата „Антарктик Херитиџ Труст оф Кристчрч“.
Иако колачот изгледа убаво за јадење, дури и мириса, ќе остане мистерија каков е вкусот, бидејќи е неетички од страна на конзерваторите да ги пробуваат своите иновации, изјави Лизи Мик.
– Овошниот колач ќе го вратиме на полицата каде што е пронајден, а се надевам дека ќе го видат и други посетители кои ќе стигнат тука, рече Мик.