Пронајден црниот автомобил кој го користеле напаѓачите во Париз


Во париското предградие Монтреј е пронајден црн автомобил марка „Сеат“, кој го користеле напаѓачите кои во петокот пукаа врз луѓе во клуб и ресторан, соопшти денеска француската полиција.

Шест лица блиски на Омар Исмаил Мостефаи, кои учествувале во убиствата во концертната сала Батаклан се наоѓаат во притвор, меѓу кои и неговиот татко, брат и снаа.seatteroristii

Автомобилот е пронајден во Монтреј, на шест километри од француската престолнина, и се претпоставува дека “сеатот“ е поврзан со нападите на клубот „Л Карилон“ и ресторанот „Л Камбоџа“.

Парискиот јавен обвинител, Франсоа Молинс вчера изјави дека вооружени напаѓачи извадиле автоматско оружје од таков модел на автомобил, пред да отворат оган и убијат 15 лица, а повредат уште десет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1