Пронајден женски труп во Егејското Море – грчките медиуми шпекулираат дека е Дениса


Женски труп во распаѓање бил пронајден во саботата во близина на северозападниот дел на грчкиот остров Карпатос во Егејското море. Според известувањето на грчките власти телото е предадено на обдукција во судска медицина на островот Родос.denisa brod1

Бидејќи телото е пронајдено во близина на местото каде на 12 септември исчезна прилепчанката Дениса Маркоска, во грчките медиуми излегоа шпекулации дека тоа можеби трупот е токму на Дениса. Но засега со сигурност ништо не може да се утврди, затоа што трупот бил во напредна фаза на распаѓање.

Подетални информации околу идентитетот на пронајдената девојка се очекуваат со испитувањето на днк анализата на телото. МТВ се обрати за информација до нашето МНР од каде ја потврдија информацијата дека во Егејот е пронајден женски труп, но засега не сакаат да соопштуваат никакви детали за случајот. Контактиравме и со таткото на Дениса, Кирил Маркоски, кој рече дека досега ниту една инситуција не го известила дека во Грција е пронајден женски труп и воопшто не е запознаен со случајот.

Инаку Маркоска мистериозно исчезна од бродот Серенисима, на кој таа работела, додека тој пловел помеѓу островите Родос и Крит. Последен пат на бродската палуба била видена во 2.30 часот утрината како пуши цигара, а дека ја нема на бродот било откриено во 5 часот. Од тогаш па се до денес на Дениса и се губи секаква трага.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1