Петнаесет годишното девојче од Неготино, по кое што денес трагаше целиот град, е пронајдено
,,Лора е во општа добра состојба, моментално се наоѓа во ЈЗУ Неготино, каде прима инфузија. Семејството е покрај неа. Сакаме да се заблагодариме на сите кои помогнаа во потрагата, среќни сме што се заврши добро. Се уште е рано да разговараме со неа за тоа што се случувало во меѓувреме, додека ја немаше – изјавиле за ,,Фокус’’ членови на семејството на девојчето.
Потргата по неа започна попладнево, откако од 11 часот излегла од дома и била недостапна.