Пронајдена мртва на креветот – баба Марија која наследи милиони почина во голема беда


Осумдесет и шест годишната Марија Златиќ од село Валкоље во близина на Бољевац, која од починатиот сопруг Момчило од Австралија доби наследство од 5 милиони долари, почина во својата трошна куќа до која тешко се доаѓа.

Нејзиното беживотно тело го пронашле на кревет луѓето кои со неа имале договор за доживотно издржување.

И покрај големото богатство кое го наследила умрела во голема беда.baba marija

Имено дур беше таа жива за медиумите изјавила дека парите кои ги наследила не и требаат и поради тоа таа решила да ги поклони.

– Таму каде што наскоро ќе одам, пари не ми требаат, затоа и ги поклонив, низ смеа пред половина година изјавила за српските медиуми, како да го пречуствувала крајот.

– Ги дадов парите на луѓето кои ме чуваат. На нив им се потребни повеќе, а јас и така не знам колку пари се тоа. Мене ми се доволни моите осум илјади, колку што добивам од пензијата… ова го изјави Марија половина година пред да почине.

Баба Мара била погребана во четвртокот во Бољевац каде и живеела.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1