Женско лице на возраст од 60 до 70 години е пронајдено вчера во 12:55 часот во грмушки на десниот брег од реката Вардар.
Екипа на Противпожарната заштита го извадила телото, а Итна медицинска помош се обидела да изврши реанимација, но не успеала и констатирала смрт.
Не се забележани физички повреди, ниту се пронајдени лични документи во облеката. Извршен е увид и по наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.