Пронајдени мртви сите исчезнати лавови и тигри од поплавената зоолошка во Тбилиси


Сите исчезнати лавови и тигри од поплавената зоолошка во Тбилиси се пронајдени мртви, а еден јагуар се уште е исчезнат.

Откривањето на труповите на последните исчезнати лавови и тигри ги смири стравувањата во главниот град на Грузија дека некои од овие животни се уште слободно шетаат низ градот.nilski-konj500

Портпаролката на зоолошката соопшти дека осум лавови, сите седум тигри и најмалку два од трите јагуари во зоолошката се мртви, како и девет од вкупно 17 пингвини. Од вкупно 14 мечки преживеале само две, јави ТАСС.

Во поплавите загинале и стотици кучиња скитници во приватно засолниште во близина на паркот.

Најмалку 16 лица загинаа, а шест се водат за исчезнати по полавите за време на викендот, што се едни од најголмите во Грузија во изминатите пет години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1