Пронајдени тела на патниците на паднатиот авион


Министерството за одбрана на Грција соопшти дека се пронајдени тела на настраданите патници на авионот на „Иџипт Ер“ кој падна во средата спроти четвртокот.

Од грчката контрола е наведено дека последниот контакт со екипажот е направен во 2.48, во 3.27 немало одговор на повикот, а 12 минути подоцна исчезнал сигналот.egipetski-avion-640x294

Од министерството за одбрана на Грција се неведува дека се пронајдени остатоци од авионот, како и багаж на патниците. Уште се додава дека и телата на починатите патници се пронајдени на околу осум километри од местото каде што последен пат бил забележан авионот на радарот.tela

„Иџипт Ер“ соопшти дека со авионот пилотирал капетан Мухамед Саид Шукер, негов прв соработник бил Мухамед Махмуд Ахмер, а авионот бил произведен во 2003 година. Како што пишува „Би-би-си“ засега постојат три теории за експолозијата меѓу кои се техничка грешка, проблеми во кокпитот и експолозија во текот на летот.

Сепак, најголем број стучни лица за воздушен сообраќај и даваат предност на теоријата за експлозија и терористички напад.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1