Безживотно тело во фаза на распаѓање е пронајдено попладнево во водите на реката Пчиња во атарот на селото Студена Бара, потврдија денеска од СВР Куманово.
Случајот е пријавен во СВР Куманово во 15 часот. На увид излезени се екипи на СВР Куманово, обвинител и лекар. Од кумановската полиција најавија повеќе информации по завршување на увидот.