Кобниот лет на А321 бил првиот и последниот во нејзиниот 10-месечен живот.
Дарија (10 месеци) е најмалата жртва која го загуби животот во падот на рускиот авион во Синај, а како што пренесуваат руските медиуми, нејзиното безживотно тело вчера било пронајдено помеѓу остатоците од авионот.
Пронајдени биле и телата на нејзините родители Алексеј и Татјана Громов.
Потресна е фотографијата која нејзината мајка ја прикачила на социјалната мрежа Инстаграм пред полетувањето на авионот од рускиот аеродром. На фотографијата Дарија гледа во авионот, потпрена со рачињата на стаклото. По падот на авионот, преку таа фотографија Дарија беше дефинирана како „најважниот патник“.
Бабата на девојчето вели дека била многу загрижена како малата ќе го преживее летот и им предложила на нејзините родители Дарија да остане кај неа.
Тие сепак откажале. Жената вели дека нејзиниот сопруг и дедото на девојчето бил воен пилот, кој се пензионирал со чин полковник. Нејзиниот син Алекс исто сакал да стане пилот, но таа не му дозволила.