Пронајдено мумифицираното тело на основачот на династијата Пахлави


Мумифицираното тело пронајдено во близина на поранешниот Кралски мавзолеј во Иран покрена бројни спекулации дека тоа би можело да бидат посмртните останки на покојниот Реза Шах Пахлави, основачот на династијата Пахлави.

Според директорот на Техеранскиот совет за културно наследство, Хасан Халилабади, многу веројатно тоа е мумијата на Реза Шах.

Халилабади за иранските медиуми изјави дека телото било пронајдено при градежни работи во шиитско светилиште во Техеран.

За време на владењето на Реза Шах започнува модернизацијата на Иран, но поради неговите симпатии кон Германија во Втората светска војна е принуден да абдицира во корист на неговиот син Мохамед Реза Пахлави.

Мохамед Реза е последниот ирански шах до Исламската револуција од 1979 година.

Наследниците на династијата Пахлави, кои живеат во егзил во САД, им порачаа на иранските власти „ништо да не кријат во врска со случајот“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1