Полицијата го пронајде телото на 40 годишен маж во неговиот стан на улица Народен Фронт, во близина на АМСМ, од каде претходно беше пукано кон паркирано комби.
Како што соопшти МВР, станува збор за Коста Крпач, на чие тело била пронајдена прострелна рана во пределот на градниот кош. Првичните полициски проценки се дека станува збор за самоубиство, но не се исклучува и друга можност.