Пронајдено телото на 3-годишното дете – мајката е уапсена


Случајот кој ја потресе Велика Британија доби трагичен епилог. Телото на 3-годишниот Микаел, кој сред ноќ исчезнал од својот кревет во Единбург, било пронајдено. Полицијата соопштила дека била приведена мајката на детето, 33-годишната Роздип Кулар, а моментално во тек е претрес на нејзината куќа, и куќата на нејзината сестра Киркалди.

dete isceznatoSky News пишува дека куќата на тетката на момчето била обиколена со полициска лента и дека во тек е голема полициска акција.

Ова куќа е оддалечена на 40 минути возење од домот на Микаел. Каде било пронајдено телото се’ уште не е познато, меѓутоа голем дел од доказите ја посочуваат тетката на Микаел како главен виновник.

Луѓето кои ги познавале Микаел и неговата мајка кажале дека момчето не посетувало градинка уште од Божиќ, поради наводно запаление на белите дробови.

Потсетуваме, голем број на полицајци, крајбрежната стража, хеликоптери и кучиња трагачи биле вклучени во потрагата по 3-годишниот Микаел.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1